Радио Милева
новогодишна магла

Еве каква предновогодишна порака му упати Мартин Филиповски од „Некст тајм“ на Дино-Мерлин (ФОТО)

Еве каква предновогодишна порака му упати Мартин Филиповски од „Некст тајм“ на Дино-Мерлин  (ФОТО)

Новогодишниот настап на Дино-Мерлин за „сто бона“ на скопскиот плоштад предизвика многу контроверзи и кај јавноста, но и кај домашната естрада. Настрана како дошло до до тоа токму тој да биде изборот за новогодишен забавувач, астрониомската цена која треба да се плати, па и уште молчењето на градоначалникот Шилегов, кој е споменатиот спонзор што ќе ја плати сметката за журката во највеселата ноќ на скопјани.

И додека социјалните мрежи вријат, медиумите се полни со написи и наслови на тема: Како „финансискиот волшебник“ Петре го донесе музичкиот волшебник Мерлин за сто бона за Нова година во Скопје, први од домашната естрада се огласија членовите од „најмакедонската“ група „Некст Тајм“ или поточно половината од дуото близнаци, гитаристот Мартин Филиповски.

Тој спојувајќи ги двата феномена: скопската магла и босанскиот пејач, преку својот профил на Инстаграм му упати порака на колегата  Дино – Мерлин од Скопје. Објавувајќи ноќна фотографија на македонската престолнина на која од густата магла не се гледа „прст пред око“, иронично му посака „топло добредојде“ на босанскиот пејач со зборовите:  „Дино-Мерлин… Те чекаме во Скопје“!

Тагирана стори порака со скриен повик на бојкот или порака до градоначалникот Шилегов за сеењето магла околу „фрлените пари“, сеедно… Ионака, за многу пари и тие што ќе дојдат – нема ништо да видат… Ако воопшто издржат да не се задушат во скопскиот смог.

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева