Радио Милева Омилени маски

Еве како се маскираа децата на познатите Македонци за „Денот на шегата“ (фото)

Еве како се маскираа децата на познатите Македонци за „Денот на шегата“ (фото)

Градинките и училиштата вчера имаат активности  по повод денешниот ден, 1-ви Април, а многу Македонци ги објавија маските на нивните деца на Инстаграм.

На овој ден вообичаено во нашата земја дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, и разни креативни маски. А, погледнете какви маски избраа дечињата на познатите Македонци за да го одбележат првиот ден од месецот април – Денот на шегата.

Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богданоска на социјалната мрежа „Инстаграм“ покажа дека нејзината ќеркичка Дениција  одбрала да се маскира во принцезата Елса од анимираниот филм „Фроузен“.

Пејачката и харфистка Сара Мејс ја покажа дека нејзината ќерка, a малата Илина одлучила да се облече како нејзината омилена принцеза.

Македонскиот супер модел Катарина Ивановска објави фотографија од синот Вања кој се инспирираше од  познатиот филм „Пиратите од карибите “ и одбра да се маскира во пират.

Пејачката Тамара Тодевска на социјалните мрежи ја покажа маската на помалиот син Дарен кој овој пат одбрал да биде познатиот суперхерој Хулк.

Познатата трендсетерка Агнеса Органџиева објави фотографија од нејзината принцеза Тифани, а во што одбрала да се маскира дознајте од фотографијата.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

To top