Радио Милева

Еве како познатите македонски фаци ја дочекаа снежната пролет: Секој ден не е Велигден, ама и секој Велигден не е ваков! (ФОТО)

Еве како познатите македонски фаци ја дочекаа снежната пролет: Секој ден не е Велигден, ама и секој Велигден не е ваков! (ФОТО)

Пролетта пристигна… ама само календарски! Временските прилики налутената баба Марта ја натераа да ги покаже сите свои страни на грдото лице… па наместо ластовички, штркови, качунки и кокичиња… ни донесе снег! Како да сме пред Божиќ, а не пред Велигден!

Македонските јавни фаци, познати и популарни лица како и сите ние, различно  се соочија со временските (не)прилики – секој на свој начин! Снегот пред Велигден за некого од нив – очај и катастрофа, за некого – детска радост!

Така на пример, синооката ТВ водителка и пилатес инструкторка, убавата Снеже Велков не пропушти со својот поетски сарказам, да го прокоментира снежниот мартовски налет.

„Која ја има пуштено Снег је опет Снежана на најјако? Да смени нешто за Сунчица, ако може?“

Кошаркарката ем Мис бикини фитнес девојка Едина Муса, не беше един(стве)а што возеше по снегот.

Брзаше да стигне во МОБ на учество снимање на видеоспот… Па кога го виде снегот си запеа: „Луда ли си или малку збунета…?“  Среќа, имаше кој да и го исчисти снегот од автомобилот! Кога ќе бира маж, очигледно ќе мора да бара сличен на тато!

Во спротивно: „Животе, убав си“ – Тешко…!

По снежните скопски улици  мораше да вози и Лила…

Претходно излезе малку да му се израдува на снегот, со љубовна порака… Кому му е упатена? На банкарот сигурно не! Само таа и тој си знаат… чије срце чука како едно дури и во снегот!

А потоа назад во автомобилот за да стигне на снимање… на „Се или нешто“, секако!

И нејзината колешка од ТВ Сител, водителката на утринската програма „Ја сакам Македонија“ работеше на снегот! Ама таа – и буквално, по принципот топло-ладно! Директно од топло, од хотел Александар Палас каде вечерта беше водителка на промоцијата на естрадниот магази „Стори“…

… на ладно, на директно утринско линковско јавување во живо од Градскиот парк – карши Сител! Оти таква и е работата: конкретна и директна, та била на топло или на ладно!

Катарина Ивановска нема проблем со снегот во март! Ниту таа, ниту нејзиното малечко, па затоа мама со нејзиното сакано чедо си направи убава дневна снежна авантура, со нова тура прошетка низ градскиот парк…

…А вечерта и да врне и да вее, тоа за Кики пречка не е домашната атмосфера да ја замени со филмска премиера!

Водителката на емисијата „Живот со стил“  – Елена Стефановска  и пратила убав поздрав на пролетта: “Hello Spring”…

…А тоа што пролетта “нема стил“, па кон неа се однесува „ладно“…  не е до водителката. До времето е!

И Јелена Спенџарска од утринската програма на Канал 5 се соочи со зимата. Само, за разлика од другите – мошне храбро.

А како и не би кога родум е беровка, а Берово важи за еден од најстудените градови во Македонија, па затоа за вита Јела снегот на Младенци е како сонце да ја огреало. Го прими со широко раширени раце, ококорени очи  и… насмевка!

Водителката знае дека студот не и може ништо, па затоа не и е проблем и по такво време ако треба да се раскомоти…  За да проба работи што не може да се пробаат на… облечено!

Новопечената ТВ водителка Александра Тимковска ѕиркајќи низ прозорецот од својата „Фолкорна музичка кутија“, дојде до „епохално откритие“.

Иако се уште мома, шеговито заклучи дека годинава после Младенци доаѓа Нова Година, а не Велигден!

И конечно, кога сме веќе пред Велигден, и нам како и на нашата лото девојка и ТВ водителка  Марјана Станојковска ни е јасно е дека секоја пролет не е ваква како оваа, како што секој ден не е Велигден!

Ама како тргнале работите со времево, лесно може да дочекаме овој Велигден да ни биде… СНЕЖЕН! Затоа внимавајте и навреме подгответе се да не ви се случи да ви смрзнат… јајцата!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева