Радио Милева

Еве како Меган Маркл се забавува во Њујорк, а еден детаљ го откри и полот на кралското бебе (фото/видео)

Еве како Меган Маркл се забавува во Њујорк, а еден детаљ го откри и полот на кралското бебе (фото/видео)

Војвотката  Меган Маркл моментално е во САД, каде што дојде да ги посети нејзините драги пријатели кои го организираа нејзината  забава за бебето кое треба да се роди.

Пристигнувањето во Њујорк Меган Маркл предизвика папарацитете да ја следат во чекор. Бремената војвотка на  кратко ги стави своите кралски ангажмани на страна и се посвети на блиските пријатели кои живеат во Америка.

фото: profimedia

Токму тие беа на  незаборавната забава што се одржа вчера во елитниот ресторан на Петтата авенија. Забавата по повод раѓањето на првото дете Меган Маркл и принцот Хари се одржа во барот “Поло”, омилено место во американскиот претседател Доналд Трамп, кој многу често го посетувал пред да се пресели во Белата куќа.

фото:profimedia

Големиот ресторан е во сопственост на дизајнерот Ралф Лорен, кој, покрај оваа локација, нуди гурмански задоволства и во Чикаго, Лондон и Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duke & Duchess of Sussex Fam (@harryluvsmeghan) on

Елегантно облечена, Меган пристигна на вечера со своите лични телохранители кои ја возеа до вратата на ресторанот, а трпеливо ја чекаа  толпата фанови. Веднаш зад неа дојдоа пријателите, тенисерката Серена Вилијамс и стилистката Џесика Мулрони.

Претходно ден, папараците ги снимиле вработените на ресторанот како внесуваат розова декорација во ресторанот, па се појавија шпекулации дека првото дете на кралската двојка ќе биде девојче.

To top