Пред неколку месеци се пишуваше дека Душко Тошиќ и купил на својата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша луксузен дом на Дедиње во Белград.
Сега, српскиот портал Свет.рс ги објави фотографиите од имотот кој претходно му припаѓаше на Драган Стојковиќ Пикси кој се врати во Србија по понудата да стане селектор на фудбалската српска репрезентација.
Куќата се наоѓа во отмениот дел на Дедиње, пространа е и добро лоцирана меѓу огромни крошни на дрвја.
На Карлеуша посебно и се допаѓа што куќата е пространа, што има приватност и голем двор за децата. Во вилата има чтири купатила, па секој ќе има свое.
За Атина и Ника планирани се посебни соби со тераса и купатило. Планот на пејачката и фудбалерот е да се преселат на пролет следната година.
foto-Rаjko-Ristic/svet.rs