Најпознатата и најдолговечна македонска ТВ водителка, Лила Филиповска деновиве уловена во мошне необично и интересно издание.
„Некому инспирација, некому иритација“ – како што самата знае да каже, среде бел ден во свечен провиден фустан на високи потпетици, наметната со бунда Лила танцува, игра, меша… И тоа чочек со жива блех музика. Околу неа ечат руби, саксофони, силно чука тапанот, а водителката се врти, се извива, ниша со колкови, меша со бокови, лула карлица… Небаре е некоја балканска турбо фолк убавица од Србија, од оние налик на Цеца, Теа, Прија…
Дали водителката нешто слави или се враќа од некоја целовечерна забава, па до дома свирачите и прават утринско „афтер парти“ испраќајќи ја со музика, беше непознаница на која сите и се чудеа во првиот миг кога ја здогледаа. Зашто Лила досега невидена во вакво издание го привлече сето внимание на случајните минувачи, ако воопшто и ги имало во тие рани утрински часови, ама најмногу на оние кои вака расположена ја начекаа на социјалните мрежи.
И додека сите се’ уште беа во прашалници, водителката вака „опуштена“ меѓу Новогодишните и Божиќните празници веднаш поита да ја објасни ситуацијата и расположението, за јавноста случајно погрешно да не и го сфати и негативно искоментира поведението.
Имено, Лила ниту нешто слави, ниту се враќа од ноќна забава или некаква прослава, туку водителката само вежба! И тоа чочек за дочек… Не на некој претстоен празник, туку ромски чочек за Ромски бал… И тоа светски! Најавен за 18 ти јануари во скопскиот хотел Александар Палас. А на него гости од целиот свет и специјални естрадни фолк мегаѕвезди од регионот.
„Вежбаме за четириесет и четвртиот Светскиот Ромски Бал на 18 ти јануари во хотелот Александар Палас. Гости од целиот свет, забава и дружење. Многу музички гости и специјални гостинки Цеца и Теа Таировиќ. Како и секогаш се барa место повеќе , затоа резервирајте си на време“ – порача Лила во паузата меѓу два чочека појаснувајќи ги деталите, па потоа онака качена на сандалите иако е зима, додека е уште загреана, покажа што извежбала!
Според најавеното, а и прикажаното од нејзина страна, несомнено бргу успеа да не убеди сите нас, дека на Светскиот ромски бал „ќе гори Балкан“… а Бога ми и Александар Палас!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/lilafilipovska