На 26 ноември (недела), кога во главниот град на Грузија ќе се одржи јубилејното, 15. по ред издание на детската „Евровизија“. Меѓу 16-те земји учеснички е и Македонија. Наша претставничка годинава е талентираната Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing through life“. Таа на сцената ќе биде сосема сама, без придружни вокали и танчери, така што целото внимание ќе биде насочено кон неа, а Мина ќе ја видиме под реден број 8, односно осма по ред.
Публиката ќе има можност да започне да гласа уште од денес, 24 ноември, притоа секој може да даде глас за 3, 4 или 5 земји, вклучувајќи ја и својата, што значи задолжително гласајте за реден број 8 и нашата Мина… останатите гласови се Ваша желба!
Ова гласање се одвива на официјалната веб-страница на фестивалот и ќе заврши точно пред неговиот почетокот, а по завршувањето на изведбата на сите учесници ќе биде повторно отворено за период од 15 минути.
Резултатите од публиката ќе сочинуваат 50 проценти од крајниот резултат, а останатата половина ќе ја одредат стручните жирија од сите земји учеснички. Сето тоа претворено во поени ќе го одреди победникот на годинешнава.
И ова, 15. издание на детската „Евровизија“ ќе биде пренесувано во живо на првиот канал на МРТ, в недела, 26 ноември, со почеток од 16.00 часот.
И ЗАПОМНЕТЕ: Оваа година за прв пат ќе можете да гласате и за сопствената земја. Поддржете ја Мина и Македонија со Вашиот глас. Како? За начинот на гласање дознајте повеќе од приложеното видео во продолжение: