Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на јавноста и е позната по прекарот „српска мајка“. Таа сега откри како го добила овој прекар, како и тоа дека на почетокот воопшто не и се допаѓал.
„Мене публиката ми го даде епитетот „српска мајка“, имав 26 години кога ми го дадоа тој епитет. Тогаш тоа ми беше скандал, но сега се навикнав, тоа е убав комплимент. Некои се противат на мојот прекар, но тоа зборува за нивниот баналан пристап. Осудувањата ми се досадни, предосадни се, како не се изморуваат, имаат ли луѓето свои животи? Мене естрадата ме интеренсира само кога сум на сцената. Јас имам свој живот, имам со кого да се дружам, имам други интереси, имам приватен живот на кој сум посветена, големо семејство, замисли да ја трошам енергијата на луѓето кои не ми се ништо“, вели Цеца.
Инаку, неодамна медиумите пишуваа дека летната агенда на пејачката е полна со концерти, па така за 10 настапи таа ќе заработи околу 300 000 евра.
фото: милан илиќ/рас србија/ инстаграм/цеца ражнатовиќ