Веста дека Ирина Шајк е во врска со Канје Вест ја изненади јавноста, но никој не е толку шокиран како поранешното момче на руската манекенка и татко на нејзината ќерка, Бредли Купер.
Веќе не е тајна дека Бредли и Ирина се во врска. Парот беше уловен на романтичка прошетка во Прованса. Таму заминале да за го прослават роденденот на Канје, а потоа се вратиле во Америка.
Како што пишуваат странските медиуми, поранешното момче на Ирина со кое беше во врска четири години и имаат ќерка, Бредли Купер не е воодушевен од вестите.
„Станува збор за тоа како таа врска ќе се одржи на нивната ќерка Леа. Бредли е заштитнички настроен кога станува збор за нивната ќерка“, вели извор.
Соговорникот тврди дека Купер „се надева дека врската ќе им пропадне“.
Бредли Купер и Ирина Шајк во 2019 година ја раскинаа својата четиригодишна врска и имаат заедничко старателство над нивната ќерка.