Според верувањата кај оној кај кого се паднала паричката ќе има среќна и бериќетна година.
Многумина од македонските јавни личности на социјалните мрежи се пофалија кај кого се паднала паричката оваа година на Бадник.
Кај Теа Трајковска се падна кај Теа, а таа се пофали на „Инстаграм“ и напиша: „Ми се падна паричката сеа уште да ми тргне во животот“.
Македонскиот голман Борко Ристовски оваа година славеше Бадник со сопругата и синот, а паричката се падна кај синот Душан.
Тамара Тодевска се пофали дека паричката оваа година се паднала кај неа.
Водителката Лила Филиповска покажа како изгледала трпезата за Бадниковата вечер.
Калиопи се пофали со Бадниковата трпеза.
Во домот на Сани Урдаревиќ , паричката се падна кај нејзиниот сопруг Никола Урдаревиќ.
Викторија Лоба покажа како изгледала трпезата за овој голем празник.
Водителката Елена Стефановска ја покажа Бадниковата трпеза од Маврово каде што престојувала.
Во домот на пејачот Филип Пецовски паричката се падна кај Филип.
Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ се пофали дека паричката се паднала кај синот Павел.
Оваа година во домот на Сузана Гавазова паричката се падна кај нејзината ќеркичка Емелие.
Вера Мештеровиќ на нејзиниот „Инстаграм“ се пофали дека оваа година паричката се паднала кај нејзиниот син Андреј.
Среќни празници.
фото: Инстаграм