Српскиот фудбалер Душко Тошиќ е позитивен на коронавирус , а како што пишуваат српските медиуми не е хоспитализиран и состојбата му е стабилна.
Извор близок на фудбалскиот менаџмент откри дека Душко Тошиќ се наоѓа во изнајмен стан во кој е изолиран.
Здравствената состојба му е лоша: Душко Тошиќ позитивен на коронавирус
Како што е потврдено, Душко иако има воспаление на белите дробови не е хоспитализиран.
За потсетување, фудбалерот неодамна се најде во центарот на вниманието кога сопругата Јелена Карлеуша на Божиќ го пријавила во полиција за семејно насилство.
фото: Профимедиа