Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски по разводот со Кристина Димитриевска живее во соседна Србија, а настапува во регионот.
Изминатиот период, една од главните теми во регионалните мидиуми е дека Новак Ѓоковиќ е заразен со корона, а Даниел имаше контат со тенисерот.
Имено, Ѓоковиќ беше домаќин во Белград на неколку светски тениски асови, со кои покрај настапите на турнирот „Адрија тур“, имале и луд и незаборавен ноќен провод во српската престолнина.
Во еден од најелитните белградски ноќни клубови во кој Ноле и колегите и негови пријатели, тениските ѕвездиГригор Димитров и Александер Зверев биле гости, свој музички персформанс имал и нашиот Даниел Кајмакоски, кој по завршувањето на вечерта се запознал со тениските асови по што сите заеднозасилени со женско друштво, продолжиле да се дружат, а Кајмакоски сподели и фотографија на својот Инстаграм покрај која напишал: „Забавата за која светот зборува… Mи беше чест да настапам за овие момчиња“ – осамна во пораката.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/daniel-kajmakoski-i-novak-gjokovikj-vo-panika-belgradskata-druzba-na-teniskite-asovi-i-estradata-na-zabavata-za-koja-svetot-zboruva-zavrshi-so-kovid-19-foto/
По откажување на финалето на турнирот во Задар откако беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен со коронавирус, Ѓоковиќ се тестираше во Белград и потврди дека е позитивен на корона.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/novak-gjokovikj-i-negovata-sopruga-pozitivni-na-koronavirus-testot-pokaza-deka-nole-i-jelena-se-zarazeni/
Тенисерот ги замоли сите кои тие денови биле во контакт со него да се проверат доколку имаат некои симптоми и да се тестираат.
Откако беше објавено дека Ноле е заразен со корона, немаше ни трага ни глас од македонскиот пејач, а како што пренесе „Женски Магазин“, тие се обиделе да стапат во контат со него, но тој не одговорил.
Меѓутоа, сега Кајмакоски се огласи на својот „Инстаграм“ објавувајќи неколку фотографии од прекрасниот Белград.
На едната од фотографиите, Кајмакоски цитираше стих од својата песна: „Не могу против срца свог“: „Се прашувам што правиш. Вечерва одам на калиш, па можеби ќе те сретнам случајно“.