Поради пандемијата со коронавирусот се уште не е познато дали ќе има одмори.
Многумина се откажаа од одењето на море или некоја егзотична дестинација, па деновите ќе ги поминат во Србија.
Српските ѕвезди за курир.рс открија каде ќе летуваат ова лето.
Анастасија Ражнатовиќ
„Се надевам дека ќе може да отпатувам некаде бидејќи уживам во тоа. Меѓутоа, иако тоа не се служи во брзо време поради мерките за зашитата се радувам и на нашиот туризам, знам колку убави местата имаме“ вели Анастасија Ражнаотвиќ.
Александра Пријовиќ
Пријовиќ вели дека има настапи, па зависно од нив ќе го планира одмор.
„Не знам каде ќе одам, но ќе одлучам во зависност од ситуацијата. Во Србија има многу убави места…Гледам дека сега се актуелни планините, па зошто да не на Златибор, Тара…има и многу убави етно села“.
Александра Младеновиќ ќе летува на Златибор
„Здравјето е најважно, ако не се отворат границите ништо страшно ова лето да не одиме на море. Србија е прекрасна и има каде да се оди, а мислам дека мојот избор ќе падне на Златибор.
Гоца Божиновска ќе оди или во Црна Гора или во двор
„Ако се отворат границите ќе одам во Црна Гора или Хрватска. Не знам каде може да се летува во Србија, гледам дека е популарно Сребрено езеро. Ако не може да одиме никаде јас ќе летувам во двор“.
Јелена Костов – одмор во Димтровград
„Планирав да одам на одмор, но сега не ми паѓа на памет бидејќи не сакам да ги доведам во опасност своите најблиски. Ќе отидеме на некоја планина. Секако, јас најмногу го сакам мојот роден крај, Димтровград. Па, ако не работам цело лето ќе одам таму“.
Киа Коцкар – Лето на Штранд
Откако знам за себе го посетувам Штранд во Нови Сад. Го обожавам, плажата е чиста, има занимиливости за млади, стари, за семејства. Тоа е место за кое ме врзуваат најубави спомени.
Нада Топчагиќ – Тара и Стари Бановци
„Ако не може да одиме во куќата во Црна Гора, тогаш ќе одиме во викендичката на Тара и Стари Бановци.
Бобан Рајовиќ ќе го посети Кладово
„Навикнат сум да не одам на одмор. Премногу работа, три деца, сите на различни страни на светот и не е лесно да се организираме. Затоа многу ги ценам моменти кога сите ќе се собереме. Во Србија има прекрасни места. Сите бараме егзотични дестинации, а 5% од луѓето не ги посетиле овие убави места. Го сакам Дунав и сакам да отидам неколку дена во Кладово“.