Радио Милева
и таа била на свадба

Еве каде беше Данијела Мартиновиќ додека се женеше Петар Грашо

Еве каде беше Данијела Мартиновиќ додека се женеше Петар Грашо

Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа во саботата на 19.02.2022 година, а многумина се прашуваат каде била Данијела Мартиновиќ додека се женеше нејзиниот бивши.

Имено, додека бившиот на Данијела се венчал и славел, Мартиновиќ била на друга свадба.

Пејачката пеела на свадба која се одржувала во загребската Еспланда. Гостите на прославата споделиле видео на кое се гледа како пејачката пее во црвен фустан.

Пејачката со насмевка на лицето ги забавувала присутните пеејќи домашни хитови.

За потсетување, за раскинувањето на Данијела и Грашо се дозна во мај претходната година.

Инаку, Грашо го очекува своето прво дете со Хана Хуљиќ.

фото:: Matija Habljak/PIXSELL /zagreb info/instagram/petar graso fan page

Останати вести од Радио Милева