Ева Лонгорија важи за една од најубавите холивудски актерки за која често се вели дека не се менува. Иако годините поминуваат, Ева успева да ја одржи витката линија поради што секојдневно добива прашања од мнoгубројни жени ширум светот.
Сепак, малкумина знаат дека Ева по бременоста ослабнала дури 20 килограми. Како што објаснила во една прилика, во тоа успеала поради тоа што вовела само неколку здрави навики.
View this post on Instagram
Менито на Ева се сменило така што таа почнала да јаде повеќе зеленчук, а најмногу спанаќ. Освен тоа актерката секојдневно консумирала брокули, а шеќерот целосно го исфрлила. Тоа што е интересно е тоа што актерката себеси си дозволила две омилени задоволства – пица и чипс.
Сепак, слатките не ѝ претставувале проблем. Не само што не е зависна од нив, туку таа не ги сака, па немала од што да се откаже по тоа прашање.
View this post on Instagram
Според „Women’s Health“, Лонгорија денот го започнува со кајгана и свежо овошjе. Руча месо и зеленчук готвено на пареа, а за вечера сака риба и зеленчук. За меѓуоброк консумира свежи краставици, јаболка или јогурт со вкус на ванила.
View this post on Instagram
Таа ништо не би постигнала доколку не ја вовела и физичката активност. Ева секојдневно трча и вози велосипед, а три до пет дена во неделата оди на пилатес. Тоа што е интересно е тоа што актерката скока на трамболина и тоа го гледа како кардио-тренинг, па секојдневно го прави околу 20 до 30 минути.
фото:инстаграм/ева лонгорија