Холивудската актерка Ева Лонгорија беше гостинка на гала вечер на Американската унија за граѓанска слобода каде што со својот стајлинг привлече внимание.
Актерката која пред пет месеци го роди синот Сантијаго прими награда за ангажман во разни граѓански иницијативи. За таа прилика, Ева облече фустан со боја на кожа.
Многумина коментираа дека не и одговара на нејзината фигура.
Овој модел ги покажа вишокот на килограми на актерката, а преголемото деколте изгледаше нападно.
Фановите беа изненадени од оваа креација бидејќи Лонгорија важи за една од најстилизираните личности.