Радио Милева на нова фреквенција

Ева Јовановска покажа отворени намери дека не може без живот пред камери: Водителката од „Бекстејџ“ сега ќе чекори по „Златниот тепих“ (ФОТО)

Ева Јовановска покажа отворени намери дека не може без живот пред камери: Водителката од „Бекстејџ“ сега ќе чекори по „Златниот тепих“ (ФОТО)

Ева Јовановска или како што сите повеќе ја знаат како Евче… Млада, згодна, привлечна, симпатична,  необична… Манекенка и модел, танчерка и некогашна водителка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ од кој заради икс причини кон крајот на минатата година си замина. Во меѓувреме се појави како водителка не една – две манифестации, како ПР на една промотерско-продуцентска куќа, па реши да му се врати одново на танцувањето и посвети на инфлуенсерството.

Армо ама, убавата 20-годишна тетовка како да не ја држи место да ја нема на ТВ екраните, па Евче  покажа отворени намери дека не може без живот пред камери и реши одново да застане пред нив, во првата прилика штом таква и се укажа.

Hајгледаниот и најпознат естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ оддамна се покажа како школа за фабрикување млади кадри за себе но и за некои други емисии, па дури и оние кои се обидуваат да бидат конкурентни на нивните содржини.

Така, Миро Кацаров – некогашниот водител на „ТВ магазинот од зад естрадната сцена“ пред три години посака и реши по секоја цена да биде „прва виолина“ во сопствениот „естраден ТВ свет“, правејќи го својот „Golden carpet“ .

Откако низ него продефилираа неколку водителки, најновото водителско засилување кое сега ќе чекори по „Златниот тепих“ е токму една од наследничките на неговиот основач, кога тој замина од „Бекстејџ“. Доскорешната водителка на „ТВ магазинот од зад сцената“  Ева Јовановска е принова во емисијата кај оној, кого токму во „Бекстејџ“ го наследи.

Имено, од 1-ви февруари Ева Јовановска ќе биде дел од екипата на „G – Сarpet“. Како водителка или новинар кој ќе подготвува прилози или можеби и двете останува да видиме откако Евче ќе зачекори по „Златниот тепих“.

За едни родена, за други „умрена“ да биде пред камери, сеедно… Кој како сака може да ја толкува, но факт е дека убавата и згодна тетовка ќе ја збогати и содржински и визуелно емисијата која претендира да биде најгледана во својата сфера.

Харизмата и шармот пред камери од една страна, ама и телесната убавина од друга, ја прават сексапилната Евче доволно привлечна и атрактивна на „Златниот тепих“ да му ја качи гледаноста, а таа самата себе си одново, да си ја крене популарноста!

Фото: Инстаграм/ miroslavkacarov/_evce_

To top