Радио Милева попопуларни од популарните...

Еуфорија, незапаметена уште од времето на Тоше: Кои се Марко Марковиќ – Џи Пи и Стефан Рашковиќ – Стефонатор, новите македонски тинејџерски идоли? (ВИДЕО)

Еуфорија, незапаметена уште од времето на Тоше: Кои се Марко Марковиќ – Џи Пи и Стефан Рашковиќ – Стефонатор, новите македонски тинејџерски идоли? (ВИДЕО)

На повеќето од возрасната популација имињата и особено прекарите на Марко Марковиќ – Џи Пи (GP) и Стефан Рашковиќ – Стефонатор веројатно ништо не им значат, но овие двајца тинејџери кај нивните врсници во македонија се еднакво популарни колку и еден Џастин Бибер, на пример. Важат за најпознатите и најпопуларни македонски јутјубери, кои со своите откачени идеи и креативни, едукативни, забавни, смешни… видеа ја излудеа тинејџерската популација.

За промоцијата на нивната автобиографска книга „Нашиот пат“ се чекаше со часови да се добие со нивен потпис, а просторот на МКЦ беше претесен да ја собере неколку илјадната армија нивни обожаватели кои дојдоа на промоцијата да се фотографираат со своите идоли.

Еуфорија незапаметена уште од времето на легендарниот Тоше.

Од турканици, вресоци, солзи, до буквално паѓање во бессознание.

Велат дека така било и во Битола, а така ќе биде и во другите градови низ Македонија каде што ќе се одвива промоцијата на „Нашиот пат“.

Содржината на нивната прва книга самите ја објаснија, како поинаку, ако не во нивен стил – со видео:

Тие не се популарни само кај тинејџерската публика, зашто покрај неа и нивните родители, како и повозрасните полека ги откриваат двајцата македонски идоли на новата генарација.

Марко Марковиќ – „Џи-Пи“ и стана познат на пошироката јавност уште како ученик во втора година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, кога ја претставуваше Македонија на светскиот натпревар на Мајкрософт Офис Специјалист кој се одржа во САД.

Неговиот креативен компањон пак, Стефан Рашковиќ – „Стефонатор“ е студент на мултимедија и дизајн. Автор е на серијалот „90 секунди“ кој стана негов знак на распознатливост.

Интересни, необични, несекојдневни, откачени прашања на кои јавните личности во Македонија, без многу размислување  одговараат со првиот одговор што ќе им падне на памет, во времетраење од 90 секунди. Прашања кои, како што самиот вели, никој друг не им ги поставува, а сето тоа се снима со камера во вид на кусо видео.

Колку и да им звучи неразбирливо, нејасно, па дури и нелогично на повозрасните, што се тоа Јутјубери и што тоа прават двајцата македонски тинејџери за да бидат толку многу популарни кај нивната и особено кај помладите генерациии, Марко – „Џи-Пи“ и Стефан – „Стефонатор“  ди го туркаат својот стил, својот „фазон“, преточувајќи ги своите креации во „креативна видео лектира“ за новите генерации.

А повозрасните? Кој сфатил – сфатил, кој не… Мора да го „прегазило времето“!

 

To top