Познатиот српски хармоникаш Бојан Јовановиќ почина на 49 години. Соработувал со многу естрадни ѕвезди, па оваа вест ја погоди целата српска, но и регионална естрада..
“Не напушти Бојан Јовановиќ, мајстор на музиката. Човек кој на кој му се восхитува целиот свет. Човекот кој свиреше со насмевка, а зрачеше со својата скромност. Човекот на кого му аплаудираа светски познати музичари … “ – со овие зборови пејачот Пеѓа Меденица се прости кажувајќи му го последното збогум на БојанЈовановиќ.
Јовановиќ е роден 1970 година во Крагуевац. Основно и средно музичко училиште завршил во родниот град, во класата на познатиот професор Радомир Томиќ. Тој потоа ја завршил и престижната академија “Gnjenesih”, а во 2001 година завршил и изведувачка магистратура на истата академија во Москва. Во биографијата со која малку кој Србин може да се пофали, му стои дека настапувал и со Симфонискиот и Народниот руски оркестар, учествуваа на големиот концерт во Кремљ како гостин на легендарната руска пејачка Валерија на нејзиниот јубилеј, прославата 20 години кариера.