Радио Милева
критики

Естрадата ги искритикува ставовите за корона на Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ: „Срамота е тоа што го пишуваат додека луѓето умираат“

Естрадата ги искритикува ставовите за корона на Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ: „Срамота е тоа што го пишуваат додека луѓето умираат“

Пандемијата со коронавирусот трае повеќе од една година, а многу јавни личности апелираат до граѓаните да се вакцинираат.

Поранешниот естраден пар Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ преку социјалните мрежи шират антиваксерски ставови за коронавирусот.

По тој повод, некои од естрадните уметници ги прокоментираа нивните ставови.

Пејачот Жељко Васиќ откри што мисли за пораките на Рада  и Милан.

-Тие се познати како големи експерти! Навистина не знам како не се срамат да напишат такво нешто. Се чини дека станаа сериозни епидемиолози. Тие се високо образовани и целиот свој живот го посветиле во таа област и потоа се компетентни да шират паника. Голема штета е што пишуваат додека луѓето умираат. Се срамам да коментирам за тоа, тоа е под моето ниво. Се за се, тоа говори за нив, а мој совет е да се вакцинираат луѓето за овој хорор да заврши што поскоро – рече видно изнервиран Васиќ.

Пејачката Јелена Костов која прележа корона и има голем број антитела и поради тоа не примила вакцина, но планира тоа да го направи.

-Не сакам да ги коментирам оние кои имаат поразлично мислење од мене, ќе си го зачувам мислењето за себе. Планирам да се вакцинирам за да можам нормално да функционирам и да работам.

фото: соња спасиќ/инстаграм/курир телевизија/дамир дервишагиќ/З.Илиќ/рас србија

Останати вести од Радио Милева