Радио Милева
тага до небо

Есма ова не го заслужи: Куќата-музеј во која живееше зјае ограбена, напуштена и отворена, а гробот стои онака, како што ја закопаа! (ФОТО+ВИДЕО)

Есма ова не го заслужи: Куќата-музеј во која живееше зјае ограбена, напуштена и отворена, а гробот стои онака, како што ја закопаа! (ФОТО+ВИДЕО)

Есма Реџепова несомнено остави голем белег на полето на музиката, но човештината и хуманоста беа нејзиното друго име.

Таа почина кон крајот на 2016 година, а од сцената што екипата новинари на еден српски медиум ја затекна во нејзината куќа и на нејзиниот  гроб, многумина ќе ги натера да им појдат солзи на очи.
Не постои песна што Есма не можеше да ја отпее со својот специфичен глас, нема кому не помогнала, ако можела. Таа беше номинирана и за Нобеловата награда за мир, а посвои и исчува 47 деца.

Жена со таква биографија не заслужила дури и по две години од смртта, да нема споменик нејзиниот гроб. На него стои само знак дека кралицата на ромската музика, како што ја нарекуваа е тука погребана.

Куќата во која живееше не е во подобра состојба. Камерите се искршени или отстранети, па дури и вратата е отклучена, и може да се каже дека во наредниот период внатре може да се всели било кој бездомник.

Музејот на легендарната Есма Реџепова, лоциран на Кале целосно е ограбен и во него нема ништо.

Според досегашниот увид на МВР, кражбата се случила по нејзината смрт.

Увидот во куќата на Реџепова бил направен  по барање на Фондација Есма Реџепова, во присуство на официјални лица од МВР и Министерство за култура, како и од Музејот на град Скопје.

Состојбата е апсолутно загрижувачка. Се чини дека никој не се сетил  куќата во која Есма живееше и  гробот во кој таа е погребана, да ги обезбеди и уреди, пренесува српскиот портал Курир.рс, во видеото за најавата на неговата „Викенд премиера“.

Инаку Есма Реџепова според нејзиниот тестамен, целото наследство и го оставила на државата, а авторските права на едно од своите деца.

Останати вести од Радио Милева