Радио Милева

Есента стигна, а на Деа и е пролет: Дали тоа Анастасија Богданоска – нашиот убав водителски цвет има свој скриен свет?

Есента стигна, а на Деа и е пролет:  Дали тоа Анастасија Богданоска – нашиот убав водителски цвет има свој скриен свет?

Водителката на Канал 5,  Анастасија Деа Богданоска е поетски расположена. Есента, која според временските прилики повеќе наликува на пролет и прилега на поетската душа на романтичната Деа. А велат, како се чувствуваш, така и се однесуваш, па шармантната водителка седна во пракот среде паднатото  есенско лисје за да направи една фотографија.

Поетски расположената и разнежнета Деа, совршено се вклопи во есенскиот пејсаж со мирис на пролет, па реши покрај сликата да постира и цитат:

„ Есента во суштина е втора пролет, а секој лист е цвет“ – напишала  покрај споделената фотографија Анастасија.

Во пролет природата се буди, па пчелки и бумбари  летаат од цвет на цвет, за да ги опрашат… што подоцна кај некои  од нив, резултира и со плод!  А водителката, така распослана среде  паднатите „есенски цветови“,  наликува како да е еден од нив! Така барем изгледа нашиот убав ТВ водителски цвет, со поетска душа  и свој скриен свет!

За бумбарот, нема да дискутираме… оти бумбар – не е! Иако се шушка дека  и овој „имал крилја, ама летал само ноќе“.  Така барем народот… велит!

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева