Познатиот пејач Бора Дрљача по тешко боледување почина во неговиот дом.
Неговиот долгогодишен пријател и колега Ера Ојданиќ тешко ја поднесе веста за смртта на својот колега.
„Многу ми е тешко. Беше добар човек и добар домаќин, се правеше како треба. Што да кажам по 55 годишно дружење, секогаш се шегувавме и правевме шоу, многу ми е тешко“, вели Ојадниќ и додава дека со Бора последен пат разговарал на едно снимање.
„Пред еден месец го видов на Кошутњак, на едно снимање и го прашав како е, а тој ми одговори: „Ме гледаш како сум, пола ме нема, ослабев. Пред две недели упорно го барав, но не ми се јавуваше, не знаев што е. После тоа, еве пред три дена ми пристигнаа пораки, најверојатно неговите деца: Бора денес излезе од болница, имаше зрачење, карцином на мозокот и ете..Беше добар човек, најдобар“, изјави Ера.
Бора и Ера важеа за добри пријатели, но и колеги, па често на сцената заедно правеа вистинско шоу.