Пејачот Енрике Иглесијас го чека своето трето дете со долгогодишната партнерка Ана Курникова.
Во шпанскиот магазин „Хола“ објавени се фотографии од парот на јахта во Мајами каде се гледа трудничкиот стомак на Ана.
Тие не ги потврдија овие пишувања. Меѓутоа, за нив не е ново да кријат дека ќе станат родители.
Имено, во 2017, Енрике и Ана станаа родители на близнаци, а оваа вест ја обелоденија дури кога се родија близнаците.
Тогаш се шпекулираше дека близнаците ги родила сурогат мајка, но Ана ги демантираше овие пишувања покажувајќи го трудничкото стомаче.
Иглесијас ретко зборува за својот љубовен живот со Ана. Тие својата врска ја започнаа во 2011 година кога се запознале на снимањето на видео записот за неговата песна „Еscape“.