Енрике Иглесијас израдува една своја женска обожавателка, ја загрижи својата партнерка Ана Курникова, коментираат таблоидите во Холандија.
Шпанскиот пејач предизвика гнев кај поранешната руска тенисерка, инаку негова долгогодишна партнерка, кога завчера на концертот во Амстердам, додека го исполнуваше својот хит “Herо” (во чиј видеоклип се појавува и неговата поранешна девојка Џенифер Лав Хјуит), една обожавател се качи на сцената.
Таа му се фрли во прегратки на својот идол и двајцата за кратко покажаа прилично интимна блискост. По едно време раката на пејачот се спушти на газето на усреќената обожувателка. Девојката му возврати на Иглесијас со иста мерка.
Видеото бргу се прошири по социјалните мрежи и предизвика гнев кај Курникова. Спортистката еруптираше со постови полни со бес на социјалните мрежи.
Досега Русинката ги затвораше очите за љубовта на женските фанови кон пејачот, но најверојатно таа ќе ја напушти ѕвездата“ – напиша “Лаатсе њуз”, долевајќи масло на огнот предизвикан од шпекулациите.
Курникова и Иглесијас се заедно од 2001 година. Двојката има близнаци.