Радио Милева се приклучи во кампањата...

Енис Барди го прифати „корона предизвикот – Јас седам дома“, па жонглираше со тоалетна хартија (ВИДЕО)

Енис Барди го прифати „корона предизвикот – Јас седам дома“, па жонглираше со тоалетна хартија (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер кој игра во шпанскиот Леванте, Енис Барди и се приклучи на глобалната кампања поточно челинџ-предизвикот:  #StayAtHome, што го лансираа спортистите со цел да се крене свеста на граѓаните да седат дома и да не излегуваат заради можноста да се заразат себе си со корона вирусот, а потоа да го пренесат на другите.

Овој предизвик меѓу спортистите во Италија почна уште пред една недела, а сега откако вирусот драматично почна да се шири и во Шпанија, спортистите и спортските работници  ги пспроведуваат препораките на СЗО и здравствените власти во оваа земја и порачуваат да се седи во изолација и да не се излегува.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го прифати предизвикот #yomequedoencasa #StayAtHome (Јас седам дома) кои кружи меѓу фудбалерите и ги покажа своите вештини жонглирајќи со ролна тоалетна хартија, откако претходно ги премачка рацете со средство за дезинфекција.

To top