Мегафон

„Ени Јуниор“ – бродвејски мјузикл за деца и младинци на македонски јазик

„Ени Јуниор“ – бродвејски мјузикл за деца и младинци на македонски јазик

Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци Ени Јуниор ја раскажува приказната за малото сираче Ени – алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре.
Дело, комплетно преведено и препеано на македонски јазик, а изведено од деца и младинци на возраст од 7 до 18 години.
Повелете, слушнете ги извонредните изведби на нашите солисти и хористи на легендарните „Утре“ (Tomorrow), „Тежок живот наш“ (It’s a hard-knock life), и многу други.

Дел од средствата од продажбата на билетите, ќе бидат донирани во хуманитарни цели – во соработка со здруженијата „Проект Среќа” и „Дајте ни крилја”.

Цена: 350 денари и 300 денари – донациси билет ( влезница купувате со цел да ја донирате ).
Мини-проектот „Подари карта за другарче”, како дел од хуманитарната акција на здруженијата Крео-Аксис, Проект Среќа и Дајте ни крилја, подразбира да купите карта за дечињата и штитениците на здруженијата Проект Среќа и Дајте ни крилја, како и за дечињата од малите групни домови, по цена од 300 денари и да му овозможите на некое непознато другарче да присуствува на овој предновогодишен настан.

To top