Се приближува крајот на четвртата сезона на турската серија „Забрането јаболко“ која имаме прилика да ја гледаме секој ден во 22 часот на една наша национална телевизија.
Актерите до неодамна ги снимаа последните сцени, а бидејќи Турција е во карантин до 17 мај, тие моментално се во своите домови.
Една од главните улоги во серијата ја има и актерката Шевал Сам позната како Ендер.
Ендер е активна на социјалните мрежи, па често знае да сподели фотографии од снимањата, видеа од зад камера….
Бидејќи моментално не е на снимање и Турција е во карантин, Шевал го искористи периодот да се потсети на некои постари времиња.
Имено, актерката на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која има 20 години.
Објавата за краток период собра над 42 000 лајкови, а нејзните следбеници ја опсипаа со позитивни коментари.
Инаку, меѓу фановите се шпекулира дека „Забрането јаболко“ ќе има петта сезона.