Кој би рекол дека наивната девојка од филмовите, Ен Хатвеј, има проблеми со алкохолизам.
Таа неодамна беше гостинка во шоуто на Елен Деџенерис каде пред камерите и јавноста си ја отвори душата и призна дека веќе неколку месеци е трезна и така планира да биде уште 18 години.
Имено, во оваа прилика Ен откри дека овој проблем го имала до пред три месеци, но и начинот на кој решила да стави крај на сето тоа.
View this post on Instagram
Всушност еден момент во нејзиниот живот бил пресуден да се откаже од алкохолот.
“Престанав да пијам во октомври и тоа е за наредните 18 години, односно додека е мојот син во мојот дом. Тој сега е во години кога сум му потребна рано наутро”, рекла Ен и се потсетила на моментот кога одлучила дефинитивно да престане со алкохолот:
View this post on Instagram
“Пред неколку месеци отидов мамурна во градинка. Тоа воопшто не ми се допадна”, признала оскаровката.
View this post on Instagram
Во 2012-та година Хатвеј се омажи за актерот и бизнисмен Адам Шулман, а заедно го имаат синот Џонатан кој се роди во 2016 година.