Радио Милева емотивна

Емотивно писмо на бремената Луна Ѓогани: „Ме убива тоа што го дадов животот на тацна“

Емотивно писмо на бремената Луна Ѓогани: „Ме убива тоа што го дадов животот на тацна“

Луна Ѓогани наскоро треба да се породи и на свет да донесе девојче, а периодов најмногу време поминува дома со своето семејство и драги луѓе.

Иако својата енергија не ја троши на реални шоуа, овој пат имаше потреба да се огласи за Бритни Спирс и низ се што поминала изминатите години.

Таа го гледала документарниот филм за Бритни, па на Инстаграм стори напиша:

„Некогаш имам таква потреба да се огласам за се’ што ме погодува како човек.  Го гледав документарниот филм за Бритни Спирс  и целиот нејзин живот, низ што поминала и зошто денес псхички е болна, а луѓето ја осудуваат и не знаат. Најмногу ме погоди тоа што никогаш немала поддршка од семејството, таа им била материјал за пари, со години е под старателство на нејзиниот татко кој одредува како ќе диши…“, започна Луна.

„Од млада и убава девојка направија луда жена и земаа се’. На неа се гледа е несреќна и изморена. Има се, а нема ништо, откако се родила таа е под нечие набљудување, правила и желби. Новинари, папараци, хејтери, колеги, тоа се луѓе кои според мене најмногу учествуваа во убивањето на оваа жена. Затоа што ја разбирам….Некој од утро до мрак да ти зборува што треба да правиш, како треба да правиш, каков си човек, каква си мајка, ќерка, жена…Да те осудува  за секој твој стајлинг, реченица, за секоја твојата појава само затоа што сакаш да бидеш она што си. Оваа девојка ја убија несреќни луѓе. Затоа што облече здолниште, а има 16 години? Затоа што го држеше синот во раце и одеше додека 1929191020101 додека илјадници пепараци ја фотографираат. Затоа што била невина пред бракот? Затоа што е жива, што дише?

 – Покрај семејството кое ја користеше за пари и слава, јавниот притисок, злобни јазици и луѓе кои си дадоа право да контролираат и осудуваат туѓи животи оваа жена стана психички болна, ја потстрижа косата, го загуби старателството над децата, заврши нејзиниот татко со години да ги контролира нејзините пари, нејзините движења и нејзиниот живот. Зошто? Затоа што е луда или затоа што сите тие луѓе ја направија така? Ова го напишав затоа што мислам дека сето ова ни се случува на нас, млади девојки, жени кои имаа погрешни потези во животот, станавме и паднавме, но ние не сме лоши луѓе поради тоа. Ме убива што го избрав животот што го дадов на тацна за некој да го контролира, некој да си даде право да ми суди, некој да ми кажува со кој треба да се дружим, како да изгледам, каква ќерка да бидем, каква жена, како да ќе се однесувам со татко ми и мајка ми, дали ќе имам кратка или долга коса, дали ќе живеам или ќе умрам, или пак да ве прашам вас што треба?, напиша Луна.

фото: Инстаграм/луна ѓогани

To top