Српската мисица Дијана Милојковиќ почина во понеделник вечер на 33 години, откако ја изгуби борбата со тешката болест.
Оваа вест ги погоди нејзините пријатели и роднини, а посебно нејзиното поранешно момче кое и беше голема поддршка.
Имено, Стефан Кариќ и Дијана беа неразделиви додека беа заедно, а раскинаа бидејќи Дијана во неговиот телефон пронашла пораки од непозната девојка.
„Ја сакав Дијана како Бог. Од кога ја видов се заљубив. Таа беше мојата најголема љубов, со неа сакав се. Сакав да се венчаме и да имаме многу деца. Никогаш не ми падна на памет да се скараме поради такви глупости. Раскинавме поради ситници“ изјави Кариќ по раскинувањето.
Покрај бројните шпекулации за нивното раскинување, Кариќ се огласи на социјалните мрежи и ги откри деталите.
„Дијана ми го најде мобилинот телефон кој беше кај нас во соба и четири месеци беше исклучен. Еден ден заминав да го перам автомобилот, а таа чистеше дома и го најде мобилниот. Во телефонот немаше ништо, освен пораки од една девојка со која никогаш не се гледав. Со неа се допишував уште кога Дијана и јас не бевме заедно. Кога се вратив дома, ме праша: „На кого е овој телефон?“, тогаш ја излажав и кажав дека е на татко ми и дека тука стои долго време.
Ја излажав за да не се караме поради глупости. Тој телефон беше вклучен и утрето лежевме и гледавме филм, кога мобилниот заѕвони. Веројатно на таа девојка и пристигнало известување дека сум го вклучил телефонот. Ни денес не знам кој звонеше, но тогаш се изгубив и несвесно го земав телефонот. Го земав телефонот да го однесем на татко ми и му кажав: „Земи го овој телефон, кажав на Дијана дека е твој“. Во тој момент Дијана беше зад мене и го слушна разговорот. Тие денови како да бараше нешто да се скараме и најде. Тоа е вистината. После се низ што поминавме, „прељубата“ беше причина да раскинеме“ објаснува Стефан.