Пејачката Драгана Шариќ или позната како Беби Дол проговори за својот приватен живот.
„Немав прилика да имам свое дете, толку многу работев и речиси секој ден патував, па немав време. Секако, да имав недоразбирања со партнерот со кој би имала дете, немаше да се разведам бидејќи многу сум чувствителна. Но, затоа имам три кумчиња на кои сум им мајка, тетка, стринка. Ја имам Богдана Поповиќ која оди во средно образование и свира клавир, ги имам Јована и Магледана Поповиќ кои одат на балет. Тоа се наши деца и јас сум задолжена за музиката и модата“ вели пејачката.
„Мојата нана која се омажи за договорен партнер, ми велеше да не се плашам дека никогаш нема да дојде љубовта. Ме молеше да и ветам дека ќе го почекам вистинскиот партнер. Сите беа зачудени кога се омажив. Родителите на мојот сопруг по потекло се од Србија, а се запознале во Холивуд. Ми се допадна уште првиот пат кога го видов. Ми се поквари компјутерот и моја другарка го викна него да го поправи. Разговаравме цела вечер, а компјутерот не го ни доправме“ вели Беби Дол.
Таа патуваше низ целиот свет, а на прашањето дали освен во Србија наоѓа мир на друго место, таа вели:
„Најмногу сакам да се вратам овде. Страшно ми е жал што не сфаќаме колку ни е убав животот во Србија. Ние имаме живот исполнет со обични работи кои се невозможни за луѓето од Запад. Секој пат кога ќе се вратам дома со своите куфери, велам: „Мамо, ние овде живееме како госпоѓи“.