Радио Милева тажно

Емотивен момент на комеморацијата на Маринко Роквиќ: Синовите на покојниот пејач запејаа песна од Шабан Шаулиќ (видео)

Емотивен момент на комеморацијата на Маринко Роквиќ: Синовите на покојниот пејач запејаа песна од Шабан Шаулиќ (видео)

Во „Радио Белград“ беше одржана комеморација за пејачот Маринко Роквиќ кој почина по тешката борба со опасната болест.

На комеморацијата прво пристигна неговото семејство, сопругата Славица и синовите Марко и Никола Роквиќ.

На комеморацијата присуствуваа и колегите на покојниот пејач.

Композиторт Миша Мијатовиќ, хармоникашот Мича, пејачката Ана Бекута и бившиот фудбалер, а сегашен тренер на „Црвена Ѕвезда“, Бошко Ѓуровски одржаа говор во чест на Маринко.

Синовите на Маринко, Марко и Никола Роквиќ се приближија до Бошко и заедно ја запејаа емотивната песна на Шабан Шаулиќ – „Тамо код најдаљих брда“. Во еден момент додека ја пееја песната, Никола се расплака.

За потсетување, Маринко Роквиќ почина во саботата (7.11.2021) на 68 години.

фото: марина лопачиќ

To top