Радио Милева елеганција

Емина во необичен уникатен костим за капење: Се пофали со згодниот дечко па им напишаа – „Феноменално е како сè претворате во уметност“ (фото)

Емина во необичен уникатен костим за капење: Се пофали со згодниот дечко па им напишаа – „Феноменално е како сè претворате во уметност“ (фото)

Згодната пејачката Емина Јаховиќ (40) моментално ги полни батериите на црногорското приморје. Емина е во необичен костим за капење кој е во бебешка розова боја но, бидејќи седи, а горниот дел од широките прерамки и се спуштени на рамениците, воопшто не се гледа дека всушност е во костим за капење. Косата ја ставила во лежерна пунџа, додека на лицето има големи кафени ретро очила во стилот на Софија Лорен. Како дополнителен додаток, Јаховиќ има дискретно необично ланче од мали бисери и обетки, а таа е загледана во списанието.

Зад неа е исончаниот продуцент (32) кој носи шорцеви над кои ноншалантно наметнал кошула, слична на  шорцевите, која не е закопчана. Носи очила за сонце и чаша, а се наѕира над Емина бидејќи и него наводно нешто во списанието го заинтригирало.

Следеа лавина коментари, а само дел од реакциите на ова дуо беа овие: Какви сте, како од „Вог!“,  „Феноменално е како сè претворате во уметност“, „Извинете, оваа фотографија е од „Вог“?“, „Можам да ја гледам оваа убавина со часови“, „Ова е вашата најубава заедничка фотографија досега!“ „Фантастични сте.“

Емина го носеше овој уникатен костим за капење, а со него се одлучила за ланче од мали бисери и проѕирен цветен кардиган.

Но како и секогаш, имаше и  непримерни  коментари за да ја нарушат елеганцијата со која зрачи Емина, кој гласеше :

– „А следен пат да ги земеш и градите ?“

 

Фото:Принтскрин/Инстаграм/yaemina

To top