Емина Јаховиќ пред крајот на претходната година ја раскина врската со турскиот милионер Садатин Саран, а сега медиумите пишуваат дека пејачката нашла ново момче Салих Чечен кој го запознала во истата теретана како и претходниот партнер.
Имено, како што пренесуваат турските медиуми, српската пејачка веќе неколку месеци ја крие врската со внукот на турскиот милионер Ибрахим Чечен, сопственик на една од најголемите компании во Турција.
Наводно, Емина на своите најблиски им кажала за новото момче.
Пејачката не се огласи по повод новата љубов.
За потсетување, Јаховиќ зад себе има еден брак со Мустафа Сандал со кој има два сина.