Турските медиуми неодамна пишуваа дека пејачката Емина Јаховиќ наводно повоторно се смирила со турксиот милијардер Садатин Саран.
Имено, како што се пишуваше, наводно тие биле видени во ресторан заедно, а и пејачката му се пожалила на Садатин за нејзиниот бивши сопруг дека не плаќа алиментација за децата, а кога ресторанот почнал да се полни, тие заминале.
Откако оваа вест се прошири во домашните и регионалните медуми, пејачката се огласи на Инстаграм и ги демантираше овие пишувања.
„Лажни вести“, напиша таа на англиски.
фото: Зоран Лончаревиќ