Поп ѕвездата Емина Јаховиќ неодамна ја напушти луксузната вила во Истанбул каде што живееше со сопругот Мустафа Сандал и синовите.
По две години таа живешее во нивната семејна вила, а сега дојде време заедно со децата да се пресели во нова вила.
„Емина и Мустафа се договорија по разводот, тој да остане во вилата, а таа со синовите да се пресели во нов дом. Пејачката пред неколку месеци најде куќа во соседството, но не можеше веднаш да се пресели. Уредувањето на новиот дом и преселбата во него траеше подолго време, па дури неодамна се пресели. Емина и децата се презадоволни од новиот дом, а децата посебно бидејќи татко им е блиску, па ќе може често да се гледаат“ вели изворот за „Блиц“.
„Да се разбереме, сегашниот дом е многу помал. Емина го уреди со најскапиот и најлуксузниот мебел, домот има дневна,кујна и неколку спални соби. Има тераса, а во едно купатило има џакузи, а во дворот има и базен“ вели изворот.
Пејачката пред неколку месеци зборуваше за преселувањето во домот.
„Точно е дека ќе живеам во оној дел од градот каде што живее и Мустафа, но не поради желбата да бидам покрај него туку бидејќи тоа е регионот каде сите се движиме“ изјави Јаховиќ и додава:
„Претходната куќа беше преголем простор за мене. Таму имаше три жени, а сега ќе имам една“.