Пејачката Емина Јаховиќ по се изгледа ја заврши љубовната романса за кој сите регионални и турски медиуми пишуваат последните месеци.
Дека нешто не е во ред во нивниот однос, се посомнева секој што ги следи Емина Јаховиќ и турски милијардер Садетин Саран на социјалните мрежи.
Во последните десет дена, двајцата ништо не си лајкуваа еден на друг, што веќе предизвика сомневање дека нешто не е во ред со нив. Дефинитивна потврда за „проблемите во љубовниот рајот“ беше моментот кога Емина не се појави на гала-забавата што нејзиното до сега актуелно, а сега можеби веќе поранешно момче ја организираше.
Да ве потсетиме, Емина деновиве беше со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, брат и Мирсад и синовите Јаман и Јавуз, заедно во Милано.