Пејачката на најлудата ноќ беше со семејството и пријателите во Истанбул, па едноставно и недостигаше само вистинскиот маж.
– Наша традиција е заедно да ја дочекаме Новата година. Така беше уште кога бев дете. Прво ја дочекавме 2023 година како семејство, а потоа излегов со пријателите кои дојдоа од Србија – вели Јаховиќ.
Таа додава дека на децата им ги исполнила сите желби, и дека ги израдувала со подароците за кои сонувале. Нејзините синови Јаман и Јавуз се веќе тинејџери, па пејачката не морала да го ангажира Дедо Мраз за да им ги подари.
– Моите деца кога беа мали веруваа во Дедо Мраз, но сега, кога пораснаа, знаат кој им купува подароци. А јас не верував во него ни како дете.
Пејачката наскоро планира да ги пакува куферите и со семејството да оди назимување во Австрија.
– Семејно одиме на скијање. Со нетрпение го чекам тој момент , бидејќи тогаш се собираме сите заедно. Со децата уживаме во зимски игри, скијање, возење по снег и санкање. Тоа се едни од најубавите моменти во мојот живот – заклучила Емина.
Фото:Принтскрин/Инстаграм