Емина Јаховиќ беше на концертот на Наташа Беквалац во „Штарк Арена“, а заедно ги изведоа песните „Мушко више не могу“ и „Господине“.
По спектакалот, Емина поразговара за автобиографијата на нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Санадал.
Јаховиќ објасни што напишал нејзиниот поранешен сопруг во автобиографијата.
„Мустафа напиша книга, веќе се продава. Ме спомнува и мене…Зборува за тоа како сум добра мајка, како сум била добра жена, како сум добар човек, а тоа е добро кога ќе слушнеш од поранешниот маж – вообичаено поранешните знаат да удрат жените. Мустафа често ме спомнува, како и јас него“ изјави Јаховиќ.
За потсетување, Емина и Мустафа од бракот имаат два сина.