Пејачката Емина Јаховиќ открила дека направила дуетска песна со Ацо Пејовиќ, која се уште нема име, а открила и како дошло до соработка со Пејовиќ.
Како и сè што ми се случило досега, се прашував кој би можел. Го слушнав гласот на Пејовиќ во песната, му испратив порака и реков дека имам дует. Можно е да излезе за „Денот на вљубените“ – изјавила Емина.
Пејачката потоа проговорила за песната „Слагачу вас све“ и како ја добила инспирацијата за неа.
– Има социјална природа, не е љубовна приказна, за разлика од дуетот. Можеби ке се врати „Враќање“ , „Слагачу вас све“ е можеби мојата омилена песна што сум ја напишала. Јас сум против луѓето да се осудуваат, песната е за тоа. За мене се пишуваше многу, најмногу во Турција.
– Мојот приватен живот беше посветен само на децата и таму пишуваа дека сум била и ваква и таква и со овој и со оној. Научив да го претворам притисокот во нешто креативно. За мене озборувањето е криминално однесување, како и пресудата за некој за кој не знаеш ништо . Тоа е пред се голем грев. Ништо нема да биде исто после оваа песна. Во последната сцена од спотот се раѓа фетус, некој посилен и постабилен – истакна пејачката.
Нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал неодамна се ожени, а Емина откри дека никогаш толку долго не била без нова љубов.
Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Сатурн е виновен. Тоа не значи дека никој не ми се додворува. Скоро се случи мојот поранешен сопруг да се ожени, јас требаше да бидам таа што ќе им посвети повеќе време на децата.
– Навистина му посакувам многу среќа, секогаш ќе ми биде пријател и татко на моите деца, но да се фрлев на забава, децата ќе останеа сами. Кога ќе се заљубам, знам да се „лизнам“, па потоа се контролирам. Сакам да им се посветам. Останатото ќе си дојде природно. Чудно ми е што помина толку време, се надевам дека ќе најдам сродна душа – додала пејачката.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Емина Јаховиќ