Пејачката Емина Јаховиќ откри дека неодамна била заразена со коронавирус.
Меѓутоа, освен тоа што била заразена, Јаховиќ откри дека не знаејќи дека е позитивна заминала на зимување со синовите.
„Бев со децата на скијање. Се чувствував малаксано и ме болеше грлото, а докторите ми рекоа дека е настинка. Така, не знаејќи, јас скијав три дена по осум часа и уште повеќе го изморив организмот. Заразена се движев меѓу луѓе“, вели пејачката и додава:
„Затоа сум за потполно затварање бидејќи има многу луѓе а да не знаат дека се заразени со вирусот“.