Емина Јаховиќ одлучи да направи промена во својот изглед и да го промени имиџот.
Имено, пејачката се одлучи да ја направи популарната фризура „омбре“, а за новиот изглед се пофали на социјалните мрежи.
Под објавата пејчката доби еден тон коментари на сметка на нејзиниот изглед.
“Тебе се убаво ти стои“, „Кукла“, „Таа боја најдобро ти стои, ова си ти“, се само некои од коментарите.
За потсетување, Емина претходната година се разведе од сопругот Мустафа Сандал, а неодамна ја раскина врската со турскиот милионер Садетин Саран.
Велат дека кога жените ја менуваат фризурата, тогаш им се случува нешто во животот, а дали тоа е така и во животот на Емина, останува да видиме.