Пејачката Емина Јаховиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ каде што зборуваше за своите нови проекти, но и за тоа каков цртеж има на раката.
Имено, пејачката направила трајна тетоважа.
Емина реши да се истетовира на внатрешноста на надлактицата, а во прашање се имињата на нејзините синови – Јаман и Јавуз, кои се напишани со мали букви.
Иако е некој кој не сака трајни работи на своето тело, за ова тетоважа вели дека не се кае.
„Тоа се Јаман и Јавуз, имињата на моите синови. Не сакам да се шарам по целото тело и да имам трајно нешто по моето тело, но тоа е единтствена работа по која не се каам“, објасни Емина.