Радио Милева

Емина Јаховиќ има ново момче?

Емина Јаховиќ има ново момче?

Пејачката Емина Јаховиќ три месеци ужива во љубовта со програмерот Рон Гурчај.

Емина по разводот од Мустафа Сандал со кој има две деца, уживаше во врска со мулионерот Садетин Саран. Некое време беше без момче, а сега турските папараци ја фотографирале со новата љубов во еден ресторан.

„Емина и Рон не се подготвени да се појавуваат во јавност, па затоа се кријат од сите. Често седат во еден ресторан во близина на нејзиниот дом и изгледаат заљубено. Рон доаѓа кај неа дома  и се запозна со нејзините синови“ вели извор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

„Рон за разлика од нејзините претходни партнери, не е милионер, но солидно заработува. Живее во еден град во Турција, но често доаѓа во Истанбул“ додава изворот.

Наводно, пејачката се уште не  му кажала на својот поранешен сопруг со кој е во добри односи дека има ново момче.

To top