Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал во февруари 2018 година ја соопштија одлуката дека се разведуваат , а официјално се разведија на 6-ти јуни 2018 година.
По тоа Емина беше во врска со турскиот милијардер, раскина, се смирија… Сега милјардерот и пејачката повторно се разделија, а Емина вели дека тоа е завршена приказна.
Кон крајот на август се појавија шпекулации за нивната врска, а иако на почетокот демантираа, заедничката фотографија ги издаде, по што ја потврдија врската. Пред два месеци се случи првото раскинување, потоа помирување, а сега засекогаш се разделиле:
Ја раскинав таа врска, тоа е завршена приказна, ставивме точка на тоа. Тоа е, како да ви кажам, некако беше брзо после бракот. Имавме различни мислења за животот. Се разделивме како пријатели, во најдобри односи. Ние сме возрасни луѓе. Сега сум сама, слободна и посветена на семејството и својот бизнис, изјавува Емина за српските медиуми.