Радио Милева љубовна карма

Eмилија Розман за емотивниот живот: „Многу е убаво чувството кога знаете дека не сте виновен за крај на некој однос“

Eмилија Розман за емотивниот живот: „Многу е убаво чувството кога знаете дека не сте виновен за крај на некој однос“

Македонската манекенка Емилија Розман пред некое време имаше љубовна врска како на филм.

Имено, Розман тогаш се сврши за  своето момче Стефан Ангелкоски, со кого се познаваше  24 часа.

Како што истакна таа тогаш љубовта се случила на прв  поглед, а запросувањето беше на Козјак. Меѓутоа, љубвовната идила на голубчињата на траеше многу долго.

Само неколку недели од свршувачката и откако кажа „да“ на човекот кој го познаваше само еден ден, двојката ја раскина веридбата и не дојде до брак.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/emilija-rozman-se-razvede-se-omazi-za-momche-shto-go-poznavashe-edvaj-24-chasa-a-se-razvedoa-po-brak-od-samo-nekolku-nedeli/

Ни Емилија, ни Стефан не открија која е причината за нивното раскинување и крајот на емотивната врска.

Меѓутоа, манекенката некогаш знае да сподели цитати за љубовта во кусите приказни на „Инстаграм“.

фото: принтскрин/инстаграм/розматична

Така беше и овој пат кога објави дека е прекрасно кога некој не  е виновен за крај на љубовен однос.

„Колку е прекрасно чувството кога знаете дека вие не сте виновни поради крај на некој однос и знаете дека ви е мирна совест и чист образот, па само ви останува кармата да си го направи своето“, напиша таа.

фото: принтскрин/инстаграм/розматична

Дали оваа објава беше посветен и манекенката испрати порака до некого остана мистерија.

To top