Емилија Розман е позната како дама со неколку професии. Од манекенка, мисица, модел, преку академска диплома, до сопственичка на свој бизнис огледан во продавница за подароци со цвеќарница и фирма за украсување… Некој би рекол мулти функционална, што не е далеку од вистината, иако оваа долгонога убавица и по толку години се чини како се’ уште да се бара себе си… И професионално и особено приватно.
Барем така делува според она што речиси секојдневно го споделува… Се разбира на своите профили на социјалните мрежи, каде најчесто поле за нејзините патувања, постапки и дејанија, нови хобија, мудри мисли, недоумици, нерасчистени дилеми… е нејзиниот Инстаграм и неговите приказни. Така на пример најново е дека г-ѓица Розмантична однеодамна посетува часови по клавир. Не дека има амбиции да стане врвен пијаниста, туку чисто онака, заради лична надоградба и сатисфакција… Или можеби зголемување на самодовербата?
Помеѓу два часа пијано, Розман реши да го искористи убавото време и да ги улови последните сончеви денови, впивајќи го секој сончев зарак на себе онака како што самата решила да ужива: Хедонистички во мрежести чорапи со високо кренати нозе на гелендерот од балконот, небаре е царица на тронот. Очигледно кога е уживањето во прашање, долгоногата убавица има проверена куќна шема, во која сепак не е се така розово, зашто Розман ја мачи една дилема!
И додека глетката можеби некого дразни, Емилија во продолжение на своите Инстаграм приказни споделила нешто што очигледно ја мачи и никако не може да си го објасни за да дознае, дали е можно во познатата фраза и самата да се препознае?
„Некако ми е тешко да поверувам во оноа: Како зрачиш така и привлекуваш, зашто не е возможно да зрачам како психопат и малоумна ‘сељандура’ “ – напишала загрижената убавица, обидувајќи се попусто да ја разграничи теоријата од… личното искуство!?
Фото: Инстаграм/rozmanticna