Летотото и календарски пристигна. Најжешкото годишно време пред некој ден го премина прагот, иако временските услови баш и не соодветсвуваат на календарот. Но, прогнозерите велат дека тоа е само за кратко, па наскоро ќе влетаме во пеколните жештини. А тоа значи дека спасот е езеро, море, плажа…
Затоа сите, а меѓу нив и познатите личности се подготвуваат за тоа како ќе изгледаат на плажа. Особено активни се претставничките на понежниот пол, кои периодов што измина напорно работеа на својата фигура, а сега козметичкиот третман и изборот на костими за капење и очила за сонце им се главна преокупација за тоа како ќе се појават на плажа.
За да не биде појавувањето – непријатно изненадување, треба да се направи генерална проба. И тоа додека уште никого нема, за да се коригираат и отстранат сите недостатоци… или можеби „вишокот делови“ од себе и на себе!
Затоа македонската убавица, мисица и топ модел Емилија Розман си направи “генералка“ на празна плажа, каде покажа со што располага и како ќе изгледа ова лето.
Згодната Розманка во црн едноделен модерен костим за капење со карнери, сликана одзади во џокејска поза уште еднаш ги покажа сите свои атрибути и ги потврди своите телесни квалитети. Акцентот секако на две нешта: Убавото бело лице со бисерна насмевка и уште поубавото обло газе кое вовлечениот костим го открива, додека Емилија го јава перничето на кожената софа.
Фотографијата направена неодамна во Бугарија каде нашата убавица победи на изборот за Мис интернешнл туризам. Победата заслужена, нацијата возбудена, летната генералка успешна… Таа горда Македонка, ние горди на нашата мисица!