Макединската мисица, модел и горда сопственичка на неколку продавници за цвеќе и подароци, Емилија Розман никако не престанува да ги искажува своите чувства, емоции, среќа и радост, разочарувања или задоволства… низ споделување на мудри мисли. Најчесто туѓи, ама како да се свои и тоа преку социјалните мрежи.
Нејзиниот Инстаграм речиси секојдневно е полн со разни „животни поенти“ извлечени најчесто од туѓите искуства и ситуации, низ кои и таа, како и сите ние вака или онака, минуваме!
Овој пат долгоногата убавица реши да открие дел од својата интима. Не визуелно, тоа веќе сме го виделе, туку она што ја прави среќна во одредени ситуации… Или барем би требало!
Имено, госпоѓуица Розмантична како што е редот со нова „мудра мисла“ на своитe Инстаграм приказни откри која и е омилена поза… И ако веднаш помисливте дека е во прашање некоја од оние, како на фотографијата, со високо кренати нозе – грешите! Не ќе да е таа во прашање! Ниту пак некоја друга од оние што сте ги виделе на некои од нејзините веќе објавени фотографии. Таквата интима не е ниту за покажување, ниту за раскажување на сите… Освен на „избрани поединци“!
Во прашање е нешто сосема друго, кое раскошната убавица го појаснила во една реченица:
„Омилена поза ми е кога ќе се наслонам на банкоматот и чекам пари“ – споделила убавата мисица.
Мора да признаете, дека Емилија знае што сака, само… Само што оваа поза не секогаш (и) пружа целосна сатисфакција. Како и во секоја поза во сексот и овде ефектот на среќа може да биде различен… И кај неа, и кај секој друг што ја практикува, зашто задоволството и овде зависи од многу нешта.
Или ќе се почувствуваш како да „пливаш во задоволство“…
Или ќе ти дојде да се…
Ова второво, особено е изразено чувство кај оние кај кои омилената поза на Розман, веќе претходно ја испрактикувале нивните сопруги… Во нивно отсуство, секако!
Фото: Архива и Инстаграм принтскрин/rozmanticna